Фото: илустрација / Слободан Ѓуриќ / Слободен печат

Двајца стружани се осомничени дека на диво копале и товареле минерални суровини кај Вишни

Кривична пријава добија двајца ортаци од Струшко, кои се сомничат дека во атарот на селото Вишни, без да поседуваат дозвола, со багер копале и потоа со камион собирале минерални суровини, кои се наоѓале на површина од 10.104 метри квадратни.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.З.(34) од с.Заграчани, струшко и Л.Х.(46) од с.Калишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконита експлоатација на минерални суровини“. Во атарот на с.Вишни, струшко, првопријавениот А.З., иако не поседува пропишана концесија или дозвола за експлоатација на минерални суровини на парцели издадена од надлежен орган, го ангажирал второпријавениот Л.Х., кој со работна машина багер вршел незаконит ископ на минерални суровини и транспорт со товарно возило. На тој начин пријавените извршиле противзаконски ископ на околу 5000 кубни метри на минерална суровина без концесија на површина од 10.104 метри квадратни, констатирано при вонреден инспекциски надзор од Државниот инспекторат за техничка инспекција“, соопштија од МВР.

Газда на скопска кафеана истепал бивш вработен откако се скарале за исплата на дневници

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот