Фото: МВР / илустрација

Татко пукал со пушка кон фирмата на синот во Скопско — имале „деловни недоразбирања“, вели МВР

Тежок инцидент кој можел да заврши трагично се случил вчера кај скопското село Сарај, кога човек од селото Ласкарци пукал кон објект во изградба кој го гради неговиот син, а во инцидентот учествувал и братот на напаѓачот, односно чичкото на 29-годишниот сопственик на фирмата, соопшти МВР. Причината, според полицијата, биле „претходни деловни недоразбирања“.

„На 02.06.2026 околу 14:30 часот во СВР Скопје, Е.М (29) од с.Ласкарци, скопско, пријави дека во негов објект во изградба на патот Сарај-Матка, каде работел со негов пријател, дошле неговиот татко Е.М.(57) и неговиот чичко С.М.(45), со кои што имал претходни деловни недоразбирања, а откако им рекол да го напуштат објектот тие со пиштол и ловечка пушка почнале да пукаат кон објектот и го оштетиле неговото патничко возило. По преземени мерки полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Е.М., а при извршен претрес во неговиот дом со судска наредба биле пронајдени и одземени две ловечки пушки и патрони. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава“, велат од МВР.

ВИДЕО | „Не сум виновен“, рече бодигардот на премиерот Мицкоски, Ангел Самараков, обвинет за одавање службена тајна на Благоја Коруноски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот