Фото: Креирана илустрација

Србин возел 221 км/ч кај Гевгелија, полицијата му го одзела „БМВ“-то

Српски државјанин завршил во полициска станица откако бил запрен на автопатот Скопје-Гевгелија, каде што, според МВР, возел со брзина далеку над дозволената.

Случајот се случил на 25 јуни, околу 20:10 часот, кај Милетково. Полициски службеници од ОВР Гевгелија, при сообраќајна контрола со радар, го запреле М.С. (60) од Република Србија.

При контролата било утврдено дека тој управувал патничко возило „БМВ“ со српски регистарски ознаки со брзина од 221 километар на час.

На делницата каде што бил запрен, најголемата дозволена брзина изнесува 120 километри на час.

Возилото било одземено, а возачот бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ВИДЕО | „Бегај, бегај“ — тепачка па пукање сред бел ден во Ченто

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот