Фото: Скриншот / ТВ Стар

Три активни пожари во земјава, изгоре куќа во село кај Пробиштип

Три активни пожари на отворено се регистрирани до 13 часот на територијата на земјава, а една куќа изгоре во пробиштипското село Бучиште.

Активни жаришта има во село Неокази во општина Пробиштип, во месноста „Исар“ во Штип, како и во селото Новоселани во општина Чешиново-Облешево.

Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека е ангажиран и еден „ер трактор“ кој е упатен кон Штип за да помогне во гаснењето на пожарот во градското подрачје, каде што гори ниска вегетација во близина на населени зони.

Пожарот кај Штип првично бил забележан над регионалниот пат Штип–Пробиштип. Според првичните информации, густ чад се надвиснал над регионалниот пат и значително ја намалил видливоста, што предизвика проблеми во сообраќајот.

„Пожарот во Пробиштипско е започнат меѓу селата Бучиште, Неокази и Петршино, во Бучиште пожарот е локализиран (една куќа изгорена), но еден дел од пожарот се префрла накај селото Ратавица“, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

ВИДЕО | Огромен пожар избувна кај Пробиштип — густ чад се надвисна над патот кон Штип

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот