ФОТО | Најуспешната српска инфлуенсерка се омажи со моќниот Италијанец на езерото Комо
Една од најуспешните српски модни инфлуенсерки, Тамара Калиниќ, се омажи за италијанскиот моден менаџер Филипо Теста.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Двојката го кажа судбоносното „да“ на романтична церемонија одржана во историската вила „Пицо“ на брегот на езерото Комо во Италија, а првите фотографии од свадбата Калиниќ ги сподели на својот инстаграм-профил.
„Мојот сон стана реалност. И не зборувам за креацијата од високата мода на ‘Алаја’, туку за тоа што официјално станавме семејство со љубовта на мојот живот“, напиша Калиниќ во описот на свадбените фотографии објавени на Инстаграм.

Свадбената церемонија била организирана во строга тајност и собрала околу стотина гости – членови на семејството, блиски пријатели и познати имиња од светот на модата и бизнисот.
Еден од најемотивните моменти бил кога невестата, придружувана од својот татко, пристигнала до олтарот, додека хорот составен од 18 членови изведувал оперски арии.
За својот голем ден Калиниќ избрала елегантна венчаница од модната куќа „Алаја“, додека младоженецот носел бел костум кој се вклопил во романтичниот амбиент на езерото Комо.

Да потсетиме, Тамара Калиниќ и Филипо Теста се во врска од 2020 година, а се свршија во јули 2023 година. Тогаш инфлуенсерката ја сподели среќната вест со зборовите: „Најубавиот ден во мојот живот. Илјада пати да, со тебе засекогаш.“
Иако ретко зборува за својот приватен живот, Калиниќ во едно интервју изјави дека токму покрај Теста ја пронашла љубовта и мирот што отсекогаш ги посакувала. Во друга пригода го опиша како „најневеројатното човечко суштество“ што го запознала, истакнувајќи дека е љубезен, лојален, внимателен и вистински џентлмен.

Калиниќ, која е родена во Сараево, а израснала во Нови Сад е магистер по фармација, но светска препознатливост стекна како модна инфлуенсерка. Редовно присуствува на модните недели во Париз, Милано, Лондон и Њујорк и соработува со некои од најпознатите светски модни брендови.
Теста, пак, е еден од истакнатите менаџери во индустријата на луксузната мода и во текот на кариерата соработувал со брендови како „Оф-Вајт“ и „Балмен“.


