Анкара со директна порака до Трамп: НАТО не е должен да влегува во туѓи војни
Членките на НАТО не се обврзани да им помагаат на САД и Израел во војната со Иран, изјави турскиот министер за трговија Омер Болат за „Евроњуз“.
Препорачано
Изјавата на турскиот министер за трговија Болат доаѓаа по ултиматумот што американскиот претседател Доналд Трамп го упати до генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, барајќи во рок од неколку дена да се најде решение за повторно отворање на клучниот поморски правец.
И покрај привременото примирје, пловидбата низ Ормускиот Теснец останува ограничена, а меѓународна коалиција од околу четириесет држави работи на стратегија за обезбедување на поморските рути.
„НАТО е првенствено присутен како сила за одвраќање со цел зачувување на мирот и безбедноста на европскиот континент, но и во светот“, изјави Омер Болат.
Тој потенцира дека Алијансата има јасно дефинирана одбранбена улога и дека нејзините членки имаат право да укажат на тоа во актуелната ситуација.
„Да“, одговори Болат на прашањето дали членките имаат право да го потсетат Трамп дека НАТО е одбранбен сојуз и не учествувал во планирањето на конфликтот.
Дел од земјите членки веќе претходно ги одбиле американските повици за поддршка на воена кампања против Иран, нагласувајќи дека не биле консултирани пред започнувањето на операциите.
Воедно, тие повторно ја потврдија позицијата дека Алијансата не е обврзана да се вклучи во конфликти кои не се поврзани со колективната одбрана, отфрлајќи ги тврдењата дека имаат должност автоматски да интервенираат заедно со Соединетите Американски Држави.


