Македонија ќе има четири претставници во ЕХФ Европскиот куп
Македонскиот ракомет и следната сезона ќе има претставници на европската сцена, а дури четири клуба ќе настапуваат во ЕХФ Европскиот куп, натпреварување во кое македонските екипи ги освоија последните две титули.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Најпрво трофејот го освои Алкалоид, а во изминатата сезона на европскиот трон се искачи Охрид, кој не успеа да добие „вајлд-карта“ за настап во ЕХФ Европската лига.
Откако стана јасно дека охриѓани нема да играат во второто по ранг европско натпреварување, тие ќе имаат можност да го бранат трофејот во ЕХФ Европскиот куп.
Покрај Охрид, Македонија ќе ја претставуваат и Алкалоид, Бутел и ГРК Тиквеш. Охрид, Алкалоид и Бутел ќе се приклучат од второто квалификациско коло, додека Тиквеш ќе го започне својот европски настап уште од првата рунда.
Алкалоид и Тиквеш ќе бидат сместени во првиот шешир пред ждрепката, која е закажана за 14 јули, кога македонските претставници ќе ги дознаат своите први противници на патот кон нов европски успех.
Ќе потсетиме сезонава во Лигата на шампионите се враќа Вардар, додека во Лигата на Европа ќе игра вицешампионот Пелистер.


