Жерновски ќе биде врската на СДСМ со светот, партијата oбјави и други кадровски освежувања
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) вечерва одржа седница на Централниот одбор (ЦО) на партијата, на која претседателот Венко Филипче ја претставил новата предлог-платформа на партијата, која треба да биде основа за изготвувањето на новата програма на СДСМ.
Препорачано
Од партијата информираат дека програмата ќе се изработува „преку инклузивен процес и широка дебата со членството и граѓаните“, по што финалната верзија ќе биде усвоена на програмски Конгрес. Веќе е донесена одлука 32-от Конгрес на СДСМ да се одржи на 7 јуни.
На седницата биле донесени и кадровски одлуки – за нови членови на Централниот и Извршниот одбор се избрани Соња Стаменкова, Слободен Чокревски, Богданка Кузеска, Тања Илијовска и Рубин Земон.


За нов секретар за меѓународна соработка е избран Андреј Жерновски, додека за втор организациски секретар е назначен Зоран Трифуновски.

Не се знае само кој ќе го предводи Форумот на пензионери на СДСМ – оваа партиска функција ќе се пополнува преку оглас кој ќе го објави партијата.


