На Филипче не му подготвуваат пуч, но спас му нема!
Мариела Трајковска
Пред
План како да го натераат Филипче да замине од лидерската фотелја има, но детали не се откриваат. Сепак, нашите брифери уверуваат дека во сценариото за детронизирање на лидерот и новото партиско раководство нема да играат на сила, односно дека не му подготвуваат пуч на Конгресот на партијата, кој Филипче го најави за 24 јануари следната година.
Уривањето на лидерот на СДСМ Венко Филипче и на новото партиско раководство ќе биде процес ако самиот тој не изненади, соочен од притисокот од членството и дел сопартијци и поднесе оставка на функцијата претседател на СДСМ, брифираат за „Слободен печат“ партиски функционери.
План како да го натераат Филипче да замине од лидерската фотелја има, но детали не се откриваат. Сепак, уверуваат дека во сценариото за детронизирање на лидерот и новото партиско раководство нема да играат на сила, односно дека не му подготвуваат пуч на Конгресот на партијата, кој Филипче го најави за 24 јануари следната година. Филипче, пак, не само што нема намера да поднесе оставка, туку обвини за предавничка операција и дека партијата е цел на координирана операција за внатрешно дестабилизирање и замолчување на критичкиот глас.
Лидерот на СДСМ, освен што самиот нема намера да замине, избра ново партиско раководство – потег што дополнително го зголеми револтот во СДСМ кај поранешни, но и актуелни партиски функционери. По изборот на новото раководство, на јавна сцена падна и првото барање за оставка на лидерот, но и во знак на револт паднаа и оставки од претседатели на општински организации.
Според брифинзите, заговарачите на, како што велат, целосното ресетирање на СДСМ и воскреснување на партијата буквално од дното во кое се наоѓа, ќе биде процес. Тие си даваат време и тврдат дека зад идејата застануваат сè повеќе сопартијци. Оценуваат дека чашата ја прелеала изборот на новото партиско раководство, чиј состав го ценат како скандалозен.
– Има идеја, има и план, Венко мора да си оди, но нема насилно уривање на лидерот преку пуч на Конгресот кој го закажа за 24 јануари. Нема да се занимаваме со него, бидејќи тоа е губење време, но партијата повторно ќе ја издигнеме – вели соговорникот за „Слободен печат“.
Детронизацијата на Филипче сметаат дека ќе биде неминовна по како што велат, пораз на СДСМ и на следните парламентарните избори, без оглед дали ќе бидат предвремени или редовни.
Петре Шилегов / Фото: Јутјуб / скриншот
Шилегов: Барам оставка на „претседателот“ на СДСМ!
Експратеникот и поранешен градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, е првиот што на јавна сцена побара оставка од Филипче зашто, како што напиша на Фејсбук, направил „самоубиство со умисла“.
„Бидејќи можеби многумина не разбраа, да! Барам оставка на ‘претседателот’ на СДСМ!“, се дообјасни Шилегов по првичната објава, по која, како што вели, за само седум минути добил повеќе од 50 телефонски повици за појаснување на неговата позиција.
Шилегов првично напиша:
„Македонското законодавство познава убиство од небрежност. Познава и убиство со умисла, но не познава (само) убиство со умисла! Или тешка Ви е одговорноста?
Или Ви тежи договорот? Или си СДСМ, или си тезгарош“, напиша Шилегов и се дообјасни по повиците за кои вели дека ги добил.
Филипче, преку објава на Фејсбук порача дека, и покрај притисоците, партијата ќе продолжи со своите политики и повика на обединување.
„Удривме во осино гнездо. Ја откривме најголемата предавничка операција што се подготвувала. Денес можеме да кажеме и дека таа е веќе потпишана. Само уште изборите нè делат од реализацијата на ова сценарио, на овој план. Не само што ја забранија темата, туку и се закануваат со затвор. Паниката во редовите на ДПМНЕ е толку голема што веќе не бираат средства. Тоа јасно се гледа и по бројот на лажни вести и измислени случаи и наводни афери кои секојдневно ги пласираат во медиумите, со цел да го тргнат вниманието од суштината. Вчера се обидоа и преку еден наш член да ѝ нанесат штета на партијата. Не на мене лично, тоа не го доживувам лично, туку на целата партија, на сите нејзини членови“, напиша Филипче.
Венко Филипче / Фото: Фејсбук
Тој повторно обвини, како што вели, дел од медиумите блиски до власта дека синхронизирано го објавиле барањето на Шилегов за негова оставка.
„Јавно да се изнесуваат вакви работи во момент кога ДПМНЕ нè напаѓа од сите страни, со цел да го замолчи нашиот глас на вистината, не е случајно. Тие пронајдоа еден од нас, послаб. Ги искористија неговите приватни проблеми, задолженоста кон одредени лица, а очигледно и уцени, за да го натераат однатре, од самата партија, да внесе немир во нашите редови. Ние го разбираме и нема да се пресметуваме со него. На сите ни е јасно во каква ситуација се наоѓа. Нема да му одмогнеме, можеме само да му помогнеме. До него е да одлучи која страна ќе ја избере. Ние сме на патот на правдата. Никој нема да нè запре. Ќе ја одбраниме Македонија и ќе ја вратиме власта во рацете на народот. Никој нема да нè запре, а најмалку вакви обиди. Кој сака – нека се приклучи! Кој не може или не сака – нека остане настрана! Правдата ќе победи“, порача Филипче.
Оставки на општинските претседатели на СДСМ во Битола и во Крива Паланка
Дека не е незадоволен само Шилегов од Филипче и од новото раководство потврда се и оставките на претседатели на општински организации на СДСМ во Битола – Методија Куновски, и на Крива Паланка – Сашко Митовски. Митовски е еден од малкуте од СДСМ кој победи на локалните избори пред два месеца. Во оставката на Митевски, адресирана до Филипче и до генералниот секретар на СДСМ Александар Димитријевиќ, пишува дека е неотповиклива и дека „водејќи се од вредностите што СДСМ ги застапува, тоа е најкоректниот чин од него“.
Оставка поднесе и претседателот на општинската организација во Битола Куновски, но и членот на Извршниот одбор на општинската организација во овој град, Александар Палигора. Куновски во оставката до Филипче пишува дека одлуката ја донел по темелна, одговорна, лична и политичка процена. Тој порача дека принципите што јавно ги застапуваат, во практиката сѐ потешко се остваруваат и дека социјалдемократијата во која верува, не е декларација, туку вредносен систем што мора да се живее секојдневно – низ транспарентност, вклученост и политичка одговорност.
„Не можам и не сакам да носам функција без суштинска можност за влијание, ниту да бидам формално присутен во процеси со кои суштински не се согласувам. Сметам дека политичката и моралната одговорност налага јасен став и чесен чекор, особено кон членството и кон граѓаните на Битола“, напиша Куновски.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Веројатно сите скопјани во изминатава недела дознаа и се запознаени со гласањето на Советот на Општина Центар, каде што советниците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ го изгласаа нацрт ДУП-от за градска четврт Ј-05, позната како Барутана, со што на оваа локација на Водно ќе се отвори можност да изградба на десетина или повеќе објекти на два …
Сите ние во некој момент сме заглавиле на социјалните мрежи со оние „pick a card“ видеа, прашувајќи се дали универзумот се обидува да ни испрати некој знак. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 ВИДЕО | Бронзата за Англичаните, хет-трик на Букајо Сака против Франција 2 Дали се ежите кога некој гребе со …