Свадба во Портофино: Пејачката Сиа се омажи

Фото: Cobra Team / BACKGRID/ Backgrid UK/ Profimedia

Австралиската пејачка и текстописец Сиа, (47) за време на викендот, се омажи со своето момче Ден Бернад на интимна церемонија во вилата на Доменико Долче и Стефано Габана во Портофино, Италија., пренесува „Пипл“.

За интимната венчавка на која присуствувале само шест гости, вклучувајќи ги невестата и младоженецот , Сиа носела чипкан фустан во форма на сирена, со нежни детали. Нејзиниот сопруг се одлучил за светол смокинг со свилени детали. Двојката ги разменила заветите под железен свод украсен со прекрасни розови, виолетови, жолти и бели цветови. Надворешниот простор бил декориран со раскошни златни маси.

Не е јасно кога парот започнал да се забавува, бидејќи Сиа својата романса ја задржа во приватност. Таа во јавноста споделила само една фотографија со Ден, минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот