Фото: vfmkd.org.mk

Македонскиот репрезентативец Ѓорѓи Ѓоргиев потпиша за Црвена звезда

Денеска српскиот одбојкарски клуб Црвена звезда објави дека нов играч на екипата е македонскиот репрезентативец Ѓорѓи Ѓоргиев.

Нашиот одбојкар доаѓа во Белград од редовите на францускиот тим Алтерна Поатје.

Во Франција ги бранеше и боите на Париз Волеј и Камбре, претходно беше дел и од турскиот Туршад.

Интернационалната кариера повеќе од една деценија ја градеше настапувајќи и во клубови во Бугарија и Полска.

Ѓоргиев моментно е со националниот тим и натпреварите од Европската лига 2026.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот