Сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, е на настан организиран од Меланија Трамп во Вашингтон
Сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска, учествува на дводневниот самитот „Fostering the Future Together Global Coalition Samit“ во Вашингтон, организиран од првата дама на САД, Меланија Трамп, на кој учествуваа претставници од 45 држави и над 20 водечки технолошки компании.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Целта на самитот е да ја зајакне глобалната соработка за подобрување на образованието, технологијата и благосостојбата на децата во услови на дигитална ера, велат од „Илинденска“.
Владата за ова објави на своите профили на социјалните мрежи, но во објавата на Инстаграм, на пример, не се споменува ни името, туку на неа се реферира само како „сопругата на премиерот Мицкоски“.

Во рамките на самитот, Мицкоска имала и обраќање на работната сесија на тема „Безбедност и заштита онлајн“.
Рози Мицкоска во говорот посочила дека во Македонија веруваме оти дигиталната писменост мора да започне порано во образовниот процес.
„Нашата цел е младите, не само да ја користат технологијата, туку да ја разбираат, да размислуваат критички за неа и да ја користат за решавање на проблеми од реалниот живот. Клучен чекор во оваа насока е училишната програма на 21 век, имплементирана во партнерство со меѓународните организации и приватниот сектор. Денес, 341 основно училиште и околу 1.900 наставници во нашата држава се дел од оваа иницијатива“, рекла Мицкоска во говорот.
Целта на работната сесија е да ги собере првите дами од целиот свет и да се разговара за иновативни начини и стратегии и да се адресираат предизвиците со кои се соочуваат децата и учениците во дигиталната сфера, велат од Владата.


