Ана Ѓорѓиеска - Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

ПОТКАСТ „Со Ана на ТИ“ | Анастасија Ѓорѓиeска, мајка на Андреј „ДНК“: „Не бев свесна колку ми го сакале детето“

Во втората сезона на поткастот „Со Ана на ТИ“ кој се емитува на јутјуб каналот на „Слободен печат“, започнуваме со разговор полн љубов, болка и сила. Прва гостинка е Анастасија Ѓорѓиеска, мајката на Андреј од „ДНК“, кој на 16 март годинава херојски го загуби животот спасувајќи деца во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Иако нема зборови за утеха и ништо не може да ја намали болката од загубата на своето чедо, Анастасија собра сила во чест на нејзиниот и наш Андреја да ја раскаже неговата трагична но и топла приказна.

Се обидовме да го опишеме Андреј како музичар, син, татко, пријател и човек со огромно срце, за неговото детство и младоста исполнета со многу пријатели и музика, за љубовта кон бендот „ДНК“, но и за оној тивок, болен момент кога цела Македонија дозна дека изгубивме еден вистински херој. Се потсетивме на тоа какво дете бил и колку го сакале сите уште кога бил многу мал, а таа љубов и наклонетост од оние кои го познавале, го следела до крајот.

– Учителката од прво до четврто одделение многу го сакаше, не беше тој со сите петки, ама беше многу искрен, чесен, добар … Велеше: „А бе мамо за сите сум добар, само за тебе не чинам“ и на погребот јас колку што бев присебна, не можев да седам во капелата … повеќе надвор одев … се изненадив колку народ имаше, колку ми го сакале детето – вели Анастасија за Андреј.

Топла, емотивна и трогателна приказна — за љубовта што не згаснува, за музиката што останува, и за силата на една мајка која го носи своето дете во секој здив.

„Со Ана на ТИ“ — нова сезона, нови приказни што ќе ве потсетат колку е важно да чувствуваме, да разбереме, да сакаме и да не забораваме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот