Торнадо во САД/ Фото: EPA-EFE/TANNEN MAURY

ВИДЕО | Торнада беснееја околу Чикаго, повеќе од 221.000 корисници останаа без струја

Стотици илјади луѓе останаа без електрична енергија откако торнада и силни бури го погодија Средниот Запад на САД, а најмалку едно лице загина, објавија денеска американските медиуми.

Бурата оштетила повеќе згради и предизвикала откажување на летови, објави „Си-би-ес њуз“.

Повеќе торнада синоќа го погодиле подрачјето на Чикаго, а вкупно 11 градови во Илиноис и Висконсин пријавиле дека имало торнада.

Според службата за следење на комуналните услуги „Пауер аутиџ точка ус“, повеќе од 221.000 корисници во Илиноис до петок наутро биле без струја.

Во Де Мојн, во Ајова, 54-годишен маж починал во средата во камп за бездомници, откако бил погоден од дрво што се скршило и паднало за време на бурата, соопшти полицијата.

Мажот бил пронајден во критична состојба во четвртокот наутро и починал на местото на настанот, соопштија властите.

Пред да удрат торнадата, Центарот за предвидување бури при Националната метеоролошка служба го зголемил нивото на ризик од силни бури на четири од вкупно пет степени.

Според „Си-би-ес њуз“, ова е првпат Чикаго да има такво ниво на ризик од 15 јули 2024 година, кога областа беше погодена од рекордна серија од 32 торнада. Вакво ниво на ризик обично се случува еднаш на секои две години.

ВИДЕО | Храбар подвиг во Чикаго: Силен ветер однесе количка со бебе во леденото езеро Мичиген, го спаси момче кое не знаело да плива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот