ВИДЕО | Голем пожар во хемиска фабрика во Италија — густ чад се гледа од далечина
Во хемиска фабрика на северот од Италија утрово избувна пожар, а густ облак од чад може да се види од голема далечина, пренесува агенцијата Андкронос.
Препорачано
Градоначалникот на градот Мантуа, Андреа Мурари издаде наредба за заштита на јавното здравје како превентивна мерка.
„Разговарав со директорот на „Версалис“, засега нема повредени. Од претпазливост, потпишав уредба со која ги молам сите граѓани да не остануваат на отворено и да ги држат прозорците затворени“, рече тој во објава на Фејсбук.
Incendio Versalis Mantova#incendio #versalis pic.twitter.com/FFoO7brC7z
— Andrea Capanna (@AndreaCapanna) June 12, 2026
Голем број пожарникари се на терен со возила и опрема за гаснење на огнот, потпомогнати од командите на Бреша и Бергамо. Операциите, како што вели регионалната дирекција на противпожарната служба, сè уште се во тек за да се локализираат пламените јазици и да се обезбеди засегнатото подрачје.
„Версалис“ потврдува дека во пожарот нема повредени и дека е погодено само складиштето на цврсти материи од стиренски полимер. „Никој не е повреден и ниедна опрема не е засегната“, соопшти портпаролот на „Версалис“.
Засега нема податоци за поголеми еколошки или материјални штети.
Повеќе спратови во Пентагон се евакуирани поради „инцидент со опасни супстанци“


