Во Дубаи откриен необичен шверц – стотици ретки животни во една торба
Царината во Дубаи денеска спречи обид за криумчарење на 223 ретки водоземци и влекачи, меѓу кои гуштери, змии и скорпии, пренесува агенцијата „ВАМ“.
Препорачано
Запленетите животни биле откриени откако сомнителна, неподигната торба на Меѓународниот аеродром во Дубаи била подложена на детална контрола. Во неа имало 129 гуштери, 36 скорпии, осум змии и 50 жаби. Се претпоставува дека дел од животните се опфатени со Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови диви животни и растенија – ЦИТЕС.
Животните се предадени на Министерството за климатски промени и животна средина за понатамошна постапка во согласност со законските и еколошките прописи.
Халед Ахмед, директор на Управата за патнички операции, истакна дека успехот во откривањето на криумчарењето ја одразува стручноста и подготвеноста на царинските инспектори да се соочат со различни видови ризици на граничните премини, вклучително и заштитата на екосистемите и природните ресурси од опасностите на нелегалната трговија со диви животни.
Ново истражување — смртоносни змии се приближуваат кон населените места поради климатските промени
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6мин
-
6мин
-
30мин
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


