ВИДЕО | Храбар подвиг во Чикаго: Силен ветер однесе количка со бебе во леденото езеро Мичиген, го спаси момче кое не знаело да плива
Осуммесечно бебе, кое било во количка, било однесено од налетот на ветер, завршувајќи во ледените води на езерото Мичиген, во Чикаго.
Препорачано
Според извештајот на Еј-би-си7 Чикаго, луѓето на местото на настанот биле шокирани кога виделе дека количката одеднаш завршила во водата, додека мајката на детето врескала од страв и шок.
Лео Кадиф, трансродов маж храбро и без двоумење нурна во ледените води за да го спаси бебето, иако, како што вели, дури и не знае да плива, пренесува Гардијан.
„Ја видов количката како влегува во езерото и една жена врескаше. Можев да видам дека е во паника. Помислив: „Претпоставувам дека ќе скокнам“. Немаше да дозволам тоа бебе да умре“, изјави тој за телевизијата.
Како што опиша, количката за среќа не се превртела.
„Бебето потона неколку пати, но успеав да го држам исправено. Кога го извлековме, дишеше и плачеше.
И покрај повисоките температури последниве денови, водите на езерото остануваат особено ладни. Други минувачи побрзаа да помогнат и успеаја да ги извлечат и спасителот и бебето назад на брегот.
Малото девојче веднаш било однесено во Детската болница „Ен и Роберт Х. Лури“ во Чикаго и, според полицијата, не е во животна опасност.
Кардиф зборуваше од болничкиот кревет, каде што останува под кардиолошки мониторинг, надевајќи се дека наскоро ќе биде отпуштен.
„Се надевам дека ќе има навистина добра иднина и ми е мило што бев таму“, рече тој.


