Фото: EPA/FRANCK ROBICHON

Јапонските фудбалери се незадоволни поради условите на Мундијалот, го менуваат кампот

Јапонската фудбалска репрезентација одлучи да го напушти Мексико и да остане во САД до крајот на Светското првенство.

Од самиот почеток, Јапонците беа незадоволни од тревната површина во Монтереј. На крајот, тие одлучија да ја напуштат својата оригинална база и се преселија во Нешвил.

Иако ќе играат два од своите три натпревари во САД, Монтереј првично беше избран, бидејќи тие два натпревари ќе ги играат на стадионот на Далас Каубојс, првиот против Холандија (14 јуни) и третиот против Шведска (26 јуни).

За тие два меча тоа не е голема промена, бидејќи Далас е речиси подеднакво оддалечен од Монтереј и од Нешвил, но планот на Јапонците беше да бидат во Монтереј затоа што, прво, таму ќе играат против Тунис на 21 јуни. И второ, Далас е многу поблиску до Монтереј отколку до Нешвил.

Јапонците се само уште еден тим по ред кој се жали на целокупните услови на Светското првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот