Фото: ffm.mk

Фудбалерките со пораз ги завршија квалификациите за Светското првенство

Во последниот настап во овој циклус на квалификации за пласман на Светскиот куп, женската фудбалска репрезентација на Македонија е поразена од Азербејџан со 3:1. Натпреварот што се одигра на стадионот Петар Милошевски во Битола беше решен уште во првото полувреме кога беа постигнати сите четири гола.

Гостинките поведоа во осмата минута кога Кристина Бакарандзе ја совлада Викторија Панчурова која вечерва го одигра последниот настап во дресот на македонската репрезентација. Само три минути подоцна Хава Мустафа беше прецизна за израмнување на резултатот на 1:1.

Во 28 минута, Мана Мољаева го постигна погодокот за водство на Азербејџан од 2:1, а во 37 минута Нигар Мирзалиева ги постави конечните 3:1.

Во продолжението од натпреварот избраничките на селекторот Александар Андов ја преземаа иницијативата и во почетната фаза од второто полувреме беа подобар противник, но за жал неколкуте можности не успеаја да ги претворат во гол. До крајот на натпреварот мрежите мируваа на двете страни, а ниту двете селекции немаа посериозни шанси за гол.

Во вториот меч од нашата група Унгарија триумфираше против Андора со 6:1 и ја потврди првата позиција на табелата.

На крајот од квалификациите Унгарките освоија 16 бода и се пласираа во следната фаза додека Азербејџан го освои второто место со 12 бода, но не успеа да се најде меѓу двете најдобро второпласирани репрезентации од Ц конкуренцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот