Џенифер Лопез со децата - Фото: PLANET PHOTOS / Planet / Profimedia

Џенифер Лопез откри дека два месеци плачела поради заминувањето на близнаците на факултет

Џенифер Лопез минува низ многу емотивен период додека се подготвува за голема животна промена, заминувањето на нејзините 18-годишни близнаци Макс и Ема од семејниот дом. Пејачката и актерка не можеше да ги задржи солзите додека зборуваше за тоа дека нејзините деца наскоро ќе заминат на факултет и ќе се иселат од нивната вила вредна 18 милиони долари, пренесува „Дејли мејл“.

За време на гостувањето во емисијата на Џими Кимел, Лопез беше видно потресена додека зборуваше за периодот што следува. Кога водителот ја спомена матурата на близнаците и нивното заминување од домот, таа низ солзи рече:

„Не зборувај за тоа, ќе почнам да плачам.“

Таа призна дека веќе два месеци е многу емотивна и дека сигурно ќе плаче и на свечената церемонија по повод нивното матурирање. Лопез откри дека Макс и Ема, кои посетувале различни средни училишта, ќе студираат и на различни факултети.

„Сакам да бидат среќни. Да одат таму каде што сакаат и да го прават тоа што го сакаат“, изјави таа, додавајќи дека лично ќе им помогне при преселбата во студентските домови.

Иако многумина очекуваат децата на славните личности да имаат поинаков живот, Лопез вели дека таа се труди да биде присутна во секој важен момент. На прашањето дали ќе оди со нив да купуваат работи за студентскиот дом, таа со насмевка одговори дека веќе имаат сè што им е потребно.

Пејачката откри дека се надева децата брзо да почувствуваат носталгија по домот.

„Ќе ги спакуваме нивните соби и ќе ги однесат работите што им се потребни. Потоа ќе сфатат дека студентските соби се многу мали. Ќе им недостига домот. Се надевам дека ќе посакаат брзо да се вратат“, рече таа.

Сепак, Лопез призна дека добро се сеќава на сопствената младост и желбата за независност.

„Се сеќавам дека на тие години едвај чекав да излезам во светот и да го живеам својот живот“, кажа таа.

Таа објасни дека долго време била мирна околу заминувањето на децата на факултет, но дека вистинските емоции ја совладале пред околу два месеци, кога требало да напише текст за нивниот годишник.

„Цела година луѓето ми велеа: ‘Ќе биде ужасно кога ќе заминат на факултет.’ А јас велев: ‘Не, ќе биде прекрасно. Сакам да ги следат своите соништа. Имаат големи планови и работи што сакаат да ги постигнат.’ Но кога требаше да напишам нешто за годишникот, солзите не престануваа. Ми требаа два дена да ги напишам тие пораки“, откри Лопез.

На шегата на Џими Кимел дали напишала ист текст за двајцата бидејќи се близнаци, таа веднаш одговорила:

„Не, тие се две различни личности!“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот