Ние сме „Авенџерс“ од Македонија, глупаци сме ако го изгубиме ова – рече Тони Зен на пресот кај Слаткар
Повеќе од петнаесет години, односот помеѓу Тони Зен и Слаткаристика е еден од главните столбови и движечката сила на македонскката хип-хоп музика. Од нивните рани почетоци, преку соло кариерите со кои ја извадија урбаната музика од андерграундот и ја внесоа во мејнстримот, нивните патишта постојано се испреплетуваа, некогаш како здрава конкуренција, но секогаш како симбол за квалитет и меѓусебна почит.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
На последната прес-конференција по повод големиот концерт на Слаткаристика кој ќе се случи на 2 август 2026. на стадонот „Билјанини извори“ во Охрид, најавувајќи ги новите летни проекти, Тони Зен се осврна токму на оваа долгогодишна приказна. Тој емотивно и ретроспективно проговори за тешките периоди низ кои поминале, но и за триумфот на Слаткаристика и нивното повторно обединување на сцената:
„Едно време човекот беше сам, го оставивме, се бореше… но Авенџерси од Македонија 2026 се вратија.“

Синергија на две епохи
Она што започна како соло борба во минатото, денес прераснува во целосна „музичка револуција“. Тони Зен отворено му оддаде признание на Слаткаристика за неговата визија да ја обедини целата хип-хоп и урбана екипа, нарекувајќи ги „Авенџерс од Македонија“.
„Сакам еден огромен аплауз за Слаткаристика по што нè собра сите. Значи, Авенџерс од Македонија, чувари на македонското азно …, погледнете сѐ ние сме ’Крем де ла крем‘ “ – изјави Тони Зен, споредувајќи го овој спој на артисти со најмоќните суперхерои.

Одговорност кон македонскиот музичко богатство
Оваа соработка, крунисана со претстојниот голем концерт на 2-ри август во Охрид по повод 20 години кариера на Слаткаристика, не е само обичен настап, туку повик на одговорност за целата генерација. Тони Зен децидно нагласи дека сега, кога „Авенџерс“ се повторно заедно, македонските артисти мора да го чуваат и негуваат сопствениот простор:
„Многу ми е чест што стварно нè собра … Ова ако го изгубиме пак, треба да сме стварно глупаци, Авенџерс 2026 повторно се на сцена“.
Енергијата и емоцијата кои Тони Зен и Слаткаристика ги граделе со години, денес се преточуваат во концепт кој ја крева македонската музика на највисоко ниво, докажувајќи дека тие остануваат чуварите на македонскиот урбан код.


