Страшно невреме во Германија – торнадо, град и силен дожд

Торнадо го зафати Гронау во Северна Рајна-Вестфалија. Германската метеоролошка служба предупредува на грмотевици за време на викендот, објави Еуроњуз.

Торнадо имаше над градот Гронау во Северна Рајна-Вестфалија. Торнадото, класифицирано како ИФ еден, предизвикало ветер со брзина до 150 километри на час.

Пред викендот, Германската метеоролошка служба предупредува на локални грмотевици и неколкучасовен дожд. За денеска, метеоролозите прогнозираа комбинација од сонце, облаци и повремени врнежи.

Грмотевици, силен дожд и ситен град се очекуваат особено на северот, проследени со силни налети на ветер од околу 65 километри на час. Врнежи се прогнозираат и во ноќта кон сабота.

Дневните температури ќе се движат меѓу 18 и 22 Целзиусови степени, а на крајбрежјето само околу 16 степени.

Во сабота, во западна Германија се очекуваат врнежи и локални грмотевици. На исток сончевото време ќе се задржи подолго, иако е можен по некој дожд, а температурите ќе се искачат до 28 степени.

Недела ќе биде облачна, со врнежи на места. Во североисточниот дел се можни локални грмотевици. Највисоките температури ќе достигнат околу 19 степени на северозападот, додека на југоистокот се очекуваат 26 степени.

Нашинец во Германија ограбил и претепал 93-годишен човек, кој починал од бруталното малтретирање

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот