Фото: EPA-EFE/HUGH KINSELLA CUNNINGHAM

СЗО бара пари за да ја сопре еболата

Шефот на Светската здравствена организација во петокот претстави заеднички шестмесечен план за борба против еболата, вреден 518 милиони долари, повикувајќи на финансиска поддршка и политичка посветеност за да се спречи ширењето на епидемијата, која веќе е четврта најголема досега, објави Ројтерс.

„Тоа е временски ограничен план што го опфаќа периодот од јуни до ноември оваа година, а цената на планот изнесува 518 милиони долари“, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, претставувајќи ја стратегијата заедно со Африканските центри за контрола и превенција на болести.

Епидемијата се шири брзо и сè уште се обидуваме да го надоместиме заостанувањето, рече тој.

Гебрејесус додаде дека запирањето на еболата бара политичка посветеност, стабилно финансирање и доверба во работата со заедниците.

Од Африканскиот центар за контрола и превенција на болести, на истиот брифинг, соопштија дека епидемијата со недели останала неоткриена, поради што здравствените власти задоцниле со реакцијата и сега се борат да ја стават под контрола.

Досега во Конго се потврдени 381 случај и 62 смртни случаи, според податоците на Африканскиот центар за контрола и превенција на болести.

Еболата се шири во Конго, досега околу 250 смртни случаи – СЗО соопшти дека пет од заразените се опоравиле

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот