Фон дер Лајен предупреди: Руската војна станува директна закана за источната граница на ЕУ
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предупреди дека војната меѓу Русија и Украина сè повеќе се претвора во непосредна закана за земјите што се наоѓаат на источната граница на Европската Унија.
Препорачано
Нејзината реакција следува откако поморски дрон експлодирал во близина на нафтен терминал во романското пристаниште Констанца.
„Само една недела откако дрон се урна врз станбена зграда во Галац, денес поморски дрон стигна до Констанца. Ова е директна последица од руската војна против Украина и сè повеќе станува директна закана за земјите на нашата источна граница“, напиша Фон дер Лајен на социјалните мрежи.
Таа порача дека Европската Унија целосно стои зад земјите членки кои се изложени на вакви ризици и нагласи дека е потребна итна реакција.
Solidaritate cu România!
One week after a drone crashed into an apartment building in Galați, a maritime drone today reached the port of Constanța.
This is a direct consequence of Russia’s war against Ukraine.
It is increasingly becoming a direct threat to countries on our…
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) June 5, 2026
Според Фон дер Лајен, Европа веќе вложува значителни средства во системи за заштита од дронови, противвоздушна одбрана и рано предупредување.
Таа додаде дека механизмот САФЕ ќе помогне дополнително да се зајакнат одбранбените капацитети на Романија.
Од романското Министерство за одбрана соопштиле дека во експлозијата во Констанца нема загинати ниту повредени лица.


