Фото: Принтскрин Икс

ВИДЕО | Разорна експлозија на цистерна со украден гас во Мексико, 2.000 луѓе се евакуирани

Екплозијата се случила на имот во Тепеака, мал град лоциран околу 35 километри источно од градот Пуебла, а гасот, според некои сомнежи, бил украден.

Засега нема пријавени смртни случаи.

ВИДЕО | Силна експлозија на фабрика ја стресе Малта, густ чад го покри небото

Цивилната заштита на Пуебла на платформата „Икс“ соопшти дека околу 2.000 луѓе кои живеат во околината беа евакуирани како превентивна мерка по експлозијата, која беше снимена и објавена на социјалните мрежи.

Институцијата наведе и дека 25 работници на Цивилната заштита, 29 припадници на државната полиција и петмина вработени од општинската заштита беа испратени на терен за да се стави ситуацијата под контрола.

Според мексичките медиуми, постојат сомнежи дека цистерните, кои експлодираа од засега непознати причини, се користеле за складирање и транспорт на украден течен нафтен гас (ТНГ).

Бернабе Лопез Сантос, раководител на Цивилната заштита на Пуебла, најави детална истрага на случајот.

ВИДЕО | Страшна експлозија во складиште во Мјанмар, загинаа најмалку 50 луѓе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот