Сателитска снимка на Ормускиот Теснец / Фото: Wikimedia Commons

Иран и Оман заедно ќе управуваат со Ормускиот Теснец, вели Арагчи

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека Иран и Оман заеднички ќе управуваат со Ормускиот Теснец во согласност со меѓународното право, пренесува Анадолу.

Во изјавите пренесени од иранскиот државен сервис ИРИБ, кој се повика на либанската телевизија Ал-Мајадин, Арагчи рече дека Иран и Оман, како две земји што граничат со стратегискиот воден пат, имаат право да координираат и да донесуваат одлуки во врска со неговото управување.

Тој наведе дека Техеран ќе размени мислења со земјите од Персискиот Залив во врска со теснецот, но нагласи дека одлуките за неговото управување на крајот ќе ги донесуваат Иран и Оман.

„Напорите на двете страни се насочени кон обезбедување безбеден премин за сите бродови низ теснецот во согласност со меѓународното право“, нагласи тој.

Во ова интервју Арагчи нагласи дека комуникацијата со врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, е континуирана, како и дека неговите насоки се добиваат навреме и се спроведуваат доследно.

Исто така, тој додаде дека во земјата постои широк национален консензус и поддршка за иранското раководство, како и дека државните работи се движат во одлична насока.

САД објавија дека Либан и Израел се согласиле на примирје, под услов Хезболах, група поддржана од Иран, да прекине со огнот и да ги повлече своите борци од Јужен Либан по границата со Израел.

Израел и Либан наводно се согласиле за целосно примирје — Ерусалим продолжи со нападите

Водачот на либанската шиитска група, Наим Касем, ги нарече разговорите срамота, отфрлајќи ја најавата на Вашингтон како „сценарио во кое дел од либанскиот народ ќе биде истребен, а остатокот ќе биде поробен“.

„Додека има окупација, ќе има отпор“, рече Касем во писмена изјава.

Во изминатиов период во регионот се проширија нови тензии по нападите врз Кувајт и во близина на Ормускиот Теснец.

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, вчера изјави дека Израел засега ќе продолжи со нападите врз Либан.

Шефицата за надворешна политика на Европа, Каја Калас, најави дека Европската Унија ќе испрати дополнителни 100 милиони евра финансиска поддршка за либанската армија.

ЕУ испраќа нови 100 милиони евра за либанската армија во време на кревко примирје, вели Калас

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот