Фото: EPA/ROBERT GHEMENT

Морски дрон експлодира во романското пристаниште Констанца — властите велат дека е од тип што се користи во Украина

Поморски дрон експлодира денеска наутро во романскиот пристанишен град Констанца, објави „Јуроњуз“.

Во соопштение, романското Министерство за национална одбрана наведе дека дронот детонирал околу 10:30 часот и дека се смета оти бил „од типот на дронови што се користат во војната во Украина“.

„Областа веќе беше обезбедена и оградена од силите на Романската разузнавачка служба, Крајбрежната стража и Министерството за национална одбрана. Во тој момент објектот беше предмет на проценка и обезбедување“, соопшти министерството.

Дронот изгледа бил погоден во Украина, ја сменил насоката, па се урнал во Романија, вели претседателот Дан

Од министерството потврдија и дека дронот не бил дел од опремата на романската армија и дека не бил вклучен во неодамнешните воени вежби во областа на Црното Море.

Засега нема пријавени повредени. Истрагата за инцидентот е во тек.

Инцидентот следи откако минатата недела руски дрон со експлозив се урна во источниот романски град Галац, предизвикувајќи пожар на покривот на станбена зграда и повредувајќи двајца.

НАТО ги мери своите зборови за Русија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот