ФОТО, принтскрин Twiter- Руски дрон

Дронот изгледа бил погоден во Украина, ја сменил насоката, па се урнал во Романија, вели претседателот Дан

Романскиот претседател Никушор Дан отпатува во Галац и во болница ги посети жената и нејзиното дете, кои беа повредени по експлозијата на дронот.

Претседателот Никушор Дан денеска во Галац изјави дека дронот што се урнал врз станбена зграда најверојатно бил погоден во Украина, над градот Рени, по што му била изменета траекторијата, објави „Г4 медија“.

Претседателот Никушор Дан отпатува во Галац и во болница ги посети жената и нејзиното дете, кои беа повредени по експлозијата на дронот.

Шефот на државата им изјави на новинарите дека станувало збор за „вонреден настан“ и дека „властите постапиле добро“.

— Стануваше збор за група од 43 дронови што дојдоа од источна насока, ја преминаа Украина на 20-30 километри од Дунав, од исток кон запад. Дел од нив беа соборени во Украина, а еден од нив веројатно беше погоден над градот Рени, по што му беше изменета траекторијата — прецизираше претседателот во врска со дронот што падна врз станбена зграда во Галац и експлодираше.

Руски дрон утринава погоди станбена зграда во романскиот град Галати, а жена и 14-годишно дете завршија во болница. Портпаролот на локалната противпожарна служба потврди дека повредените живееле во стан кој бил оштетен во експлозијата.

НАТО потоа се огласи, а портпаролката на Алијансата, Алисон Харт, изјави дека генералниот секретар Марк Руте е во контакт со романските власти и дека НАТО ја осудува „руската неодговорност“.

Романија нареди затворање на рускиот конзулат во градот Констанца и го прогласи конзулот за персона нон грата.

Инцидентот се случува во време на поширок пораст на случаи во кои руски и украински дронови навлегуваат во воздушниот простор на земји-членки на НАТО, додека двете држави продолжуваат со меѓусебните напади.

Романија нареди затворање на рускиот конзулат во Констанца — конзулот е прогласен за персона нон грата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот