Фото: EPA-EFE/REMKO DE WAAL

Прва реакција на НАТО откако руски дрон удри во зграда во Романија

НАТО, се огласи откако руски дрон удри во станбена зграда во центарот на романскиот град Галаци. Портпаролката на Алијансата, Алисон Харт, изјави дека генералниот секретар Марк Руте е во контакт со романските власти и дека НАТО ја осудува „руската неодговорност“.

Во порака објавена на социјалната мрежа X, портпаролката подетално го објасни ставот на Алијансата.

„Утрово, дрон удри во станбена зграда во Романија, во контекст на руските напади врз украинската инфраструктура во близина на границата. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е во контакт со романските власти. Ја осудуваме руската неодговорност. НАТО ќе продолжи да ја зајакнува својата одбрана од сите закани, вклучително и оние од беспилотни летала“, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот