Зеленски оди во Лондон — Европа крои нов план за Украина?
Францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер и германскиот канцелар Фридрих Мерц задутре ќе се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопшти денеска Елисејската палата, пренесе Ројтерс.
Препорачано
„Средбата ќе им овозможи продолжување на блиската координација околу нашата заедничка програма за натамошна поддршка на Украина и зголемување на притисокот врз руските воени напори“, се наведува во соопштението.
„Русија се соочува со воен, економски и стратешки неуспех, а на бојното поле во смртоносна војна продолжува без успех“, се додава во соопштението.
Средбата треба да се одржи во Лондон. Зеленски бара европските лидери да ги засилат напорите за да помогнат во завршување на војната во Украина, бидејќи е загрижен дека американскиот претседател Доналд Трамп е зафатен со Иран.
Во отворено писмо објавено вчера, украинскиот лидер го повика рускиот претседател Владимир Путин на средба за да се договори крај на војната што трае повеќе од четири години. Кремљ соопшти дека Путин е запознаен со содржината на писмото.
„Отсекогаш сме се залагале за директни преговори меѓу Украина и Кремљ… Сметам дека Украина и Русија се тие што можат да изградат и прекин на огнот и мировен план, а Европејците се тие што можат да помогнат во тоа“, порача денеска Макрон.
„Отворени сме за дијалог, она што недостига е волјата на Путин“, изјави Мерц во Црна Гора.
Ако Зеленски сака средба со Путин, слободно нека дојде во Москва, вели Песков


