Фото: EPA/SASHENKA GUTIERREZ

Првиот црвен картон на Светското првенство, Јужна Африка остана со играч помалку

После првото полувреме на Светското фудбалско првенство, репрезентацијата на Мексико водеше со 1:0 со голот на Кињонес во деветтата минута против Јужна Африка.

Африканската селекција скоро не покажа ништо од својот квалитет во првите 45 минути, па беше свесна дека мора да одигра подобро во вториот дел.

Но, веднаш после паузата, веќе во 50 минута проблемите за Јужна Африка се зголемија.

Јаја Ситоле доби црвен картон, како последен играч го фаулираше Гутиерез на врвот од шеснаесетникот и Бразилецот Сампајо му го покажа патот кон соблекувалните.

Мексиканците се пред три важни бода во рамките од групната фаза на Мундијалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот