Собрание Фото: Принтскрин

Левица: Собранието избра послушничка на Цвета Ристовска на нејзино место во Антикорупциска

„Собранието денес ја избра Катерина Зајковска за нов член на Државната комисија за спречување на корупцијата, со што продолжува практиката на скандалозни кадровски екипирања на оваа институција“, велат од Левица.

„Токму Катерина Зајковска, како вработена во одделот задолжен за контрола на финансирањето на политичките партии, учествуваше во прикривањето на фирмата „Буст ДООЕЛ”, поврзана со синовите на поранешната членка на ДКСК, Цвета Ристовска. Наместо институционална одговорност за ваквиот скандал, денес сведочиме на нејзино унапредување во самата Антикорупциска комисија“, наведуваат од партијата.

„Сѐ уште нема разрешница за двете постапки кои Антикорупциска комисија ги отвори против Цвета Ристовска – за непријавување имот во анкетниот лист и за добивање средства за изборна кампања од ВМРО-ДПМНЕ. Дополнителен сомнеж за начинот на кој функционираше раководството на ДКСК предизвикува и случајот со дипломата на директорот на АНБ. Токму Цвета Ристовска го затвори предметот поврзан со сомнежите за спорната диплома на директорот Бојан Христовски. Особено проблематично е што во јавноста постојат фотографии од заеднички настани и контакти меѓу Цвета Ристовска и ректорот Ацо Миленковски, односно лицето чија образовна институција ја издала спорната диплома“, велат од Левица.

„Ниту Основното јавно обвинителство досега нема дадено одговор по кривичната пријава што Левица ја поднесе против Цвета Ристовска за непријавување имот. Молкот на институциите само ги зајакнува сомнежите дека станува збор за организирано прикривање на одговорноста и селективна правда. Фактот што Антикорупциската комисија не отвори ниту еден предмет во кој е утврдена одговорност на актуелен висок функционер, покажува дека оваа институција е целосно заробена и ставена во функција на заштита на ДПМНЕ, наместо во служба на борбата против корупцијата. Денешниот избор на Катерина Зајковска е уште една потврда дека наместо прочистување на институцијата од кадри поврзани со скандали, власта избира континуитет на истите структури и истите практики. Наместо независна антикорупциска комисија, граѓаните добиваат партизирана институција која служи како штит за функционерите и како инструмент за пресметка со политичките противници“, додаваат од партијата.

Катерина Зајковска е предложена да ја замени Цвета Ристовска како член на Антикорупциска комисија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот