Меланија Трамп / Фото: EPA

„Најлошата прва дама досега“: Меланија Трамп трпи критики поради ставови за улогата на жената

Во авторски текст, првата дама пишува за семејните вредности и улогата на жените и повикува на враќање кон „традиционалните американски семејни вредности“.

Авторски текст на Меланија Трамп, објавен викендов во „Вашингтон пост“ под наслов „Мајките се силата на Америка“, предизвика бурни реакции и остри критики на социјалните мрежи.

Во текстот, поранешната прва дама пишува за мајчинството, семејните вредности и улогата на жените, притоа повикувајќи на враќање кон „традиционалните американски семејни вредности“.

„Здравиот развој на американското семејство најдобро може да се постигне со зачувување на вредностите од минатото што се покажале како важни“, напишала Трамп.

Таа оценила дека феминизмот со години ѝ давал предност на кариерата пред семејството, што, според неа, оставило последици врз американското општество.

„Мајката не е достапна само кога нејзе ѝ одговара, туку секогаш кога детето има потреба од неа“, порачала Меланија.

Поранешната прва дама во текстот се претставила и себеси како пример за таков пристап, нагласувајќи дека како прва дама постојано се трудела да размислува „надвор од рамките на традиционалните одговорности“.

Но, нејзините ставови предизвикаа жестоки реакции, особено кај вработените мајки, кои сметаат дека таа зборува од привилегирана позиција и не ја разбира реалноста на повеќето семејства.

„Немате претстава што значи да се одгледуваат деца денес. Не е секому лесно како вам“, гласи еден од коментарите.

Други корисници беа уште подиректни.

„Дали таа воопшто знае како изгледа реалниот живот надвор од нејзиниот балон? Најлошата прва дама досега“, напишал еден корисник.

Посебно негативно биле дочекани нејзините забелешки за феминизмот и кариерата, кои многумина ги протолкувале како порака дека мајките кои работат не ги ставаат децата на прво место.

„Интересно е што претпоставува дека вработените мајки веќе не ги ставаат децата на прво место“, напишала една жена на социјалните мрежи.

Голем број луѓе истакнале и дека, според нив, ниту Меланија Трамп ниту Доналд Трамп преку своите политики и постапки не покажале дека семејството и мајките им се вистински приоритет.

ФОТО+ВИДЕО | Меланија Трамп се прошета со хуманоиден робот низ Белата Куќа: „Вештачката интелигенција го менува светот“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот