ВИДЕО | Бруклин Бекам поради ова видео го блокирал целото семејство на Инстаграм
Бруклин Бекам, синот на Дејвид и Викторија Бекам, наводно го блокирал целото свое семејство на социјалните мрежи по реакцијата на мајка му на една негова објава. Како што пренесува „Мирор“, откриено е дека Бруклин ја блокирал својата фамилија откако Викторија Бекам „лајкнала“ видео што тој го објавил на Инстаграм.
Препорачано
Во истото станува збор рецепт, поточно Бруклин објаснува на следбениците како подготвува печено пилешко.
Во видеото тој зборува за процесот на готвење и вели:
„Месото последните 24 часа беше во пиво и саламура, а сега само додавам малку путер со рузмарин“, покажувајќи го пред камерата.
Во продолжение додава:
„И тоа е мојот едноставен начин на подготовка на пилешки гради, со малку компири и зеленчук“, вели Бруклин во видеото со кое промовира моден бренд.
View this post on Instagram
Откако Викторија ја „лајкнала“ објавата, следела лавина од коментари. Фановите, забележувајќи ја нејзината реакција, почнале да го повикуваат Бруклин да се смири со родителите.
Неекои од коментарите: „Викторија ја лајкна објавата. Јухууу! Семејството е сè“, „Разговарај со родителите – животот е еден и е многу драгоцен“, „Звучиш и изгледаш како татко ти. Јави им се“.
Очигледно вознемирен од коментарите, Бруклин наводно потоа ја блокирал целата своја фамилија на Инстаграм.
Во меѓувреме се појавија гласини дека Дејвид и Викторија престанале да го следат Бруклин на социјалните мрежи, но тоа го демантираше неговиот брат Круз Бекам.
„Не е точно. Мама и тато никогаш не би престанале да го следат својот син. Да ги исправиме фактите. Тие се разбудија блокирани … исто како и јас“, напиша Круз.
Ескалираше семејната војна: Бруклин Бекам им зададе тежок удар на родителите пред Божиќ


