Бекамови - Фото: Интсграм

Ескалираше семејната војна: Бруклин Бекам им зададе тежок удар на родителите пред Божиќ

Семејната драма во домот на Бекамови дополнително ескалираше пред божиќните празници. Според информации од извори блиски до семејството, Дејвид (50) и Викторија Бекам (51) доживеале болен удар и тоа преку социјалните мрежи.

Имено, како што тврдат извори за „Дејли мејл“ славната двојка никогаш не би престанала да го следи својот најстар син Бруклин (26) на Инстаграм, туку токму тој направил драстичен чекор и ги блокирал своите родители. Овој потег, според пријателите на семејството, се толкува како јасен знак на целосно отуѓување.

„Дејвид и Викторија никогаш нема да престанат да го сакаат Бруклин. Тие секогаш ќе бидат тука за него и сакаа тој да го знае тоа. Ова многу ги погоди“, изјавил извор близок до двојката.

Помладиот син застана во одбрана на родителите

Според истите извори, следењето на профилот на Бруклин било нивен начин да покажат дека и понатаму се заинтересирани за неговиот живот, иако со месеци немале директна комуникација.

„Сега ни тоа повеќе не можат да го направат, но тоа не беше нивна одлука“, додава изворот.

Драмата на Инстаграм дополнително ја потврдил помладиот брат Круз (20), кој во инстаграм-приказна демантирал дека родителите престанале да го следат Бруклин.

„Мама и тато никогаш не би го избришале својот син. Се разбудив и сфатив дека сите сме блокирани – мама, тато и јас“, напишал Круз.

Оваа ситуација настанала само неколку дена пред Божиќ, а Бруклин годинава нема да ги помине празниците со семејството. Додека Дејвид и Викторија ќе празнуваат со синовите Ромео и Круз и ќерката Харпер во нивниот луксузен дом во Котсволдс, вреден 10 милиони фунти, Бруклин ќе остане во САД, каде Божиќ ќе го помине со сопругата Никола Пелц и нејзиното семејство во Мајами.

Напнатоста во семејството Бекам трае веќе подолго време. Бруклин и Никола не присуствуваа на ниту една прослава по повод 50-тиот роденден на Дејвид во мај, а Бруклин јавно не реагираше ниту на витешката титула што му беше доделена на неговиот татко во ноември. Исто така, Никола повеќе не ги следи Дејвид и Викторија на Инстаграм, ниту пак тие неа.

И покрај сè, Дејвид во изминатите недели се обидел да испрати порака на помирување, објавувајќи стара семејна фотографија со синовите, додека Круз сподели емотивен спомен со браќата од плажа во Бразил. Сепак, Бруклин не одговорил на овие гестови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот