Screenshot/X

ВИДЕО | Инфантино одржал говор пред Иранците: Знам низ што поминувате, но вие го обединивте целиот свет

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино се сретнал со иранските фудбалери по нивниот натпревар со Нов Зеланд на Мундијалот кој заврши без победник 2-2.

На социјалните мрежи сега се појави и снимка од говорот.

„Знам низ што поминувате. Разбирам. Но, вие сте посилни од сè“, им порачал Инфантино.

Претседателот на ФИФА додал и дека иранската репрезентација успеала да обедини луѓе ширум светот со својот настап на турнирот.

„Го обединивте целиот свет, ви благодарам за тоа. И на преостанатите два натпревари повторно ќе направите целиот свет да се гордее со она што го правите“, изјавил Инфантино.

Во шеговит тон, првиот човек на ФИФА испратил и порака до селекторот на Иран.

„Ако на селекторот му затреба напаѓач, ќе дојдам на следниот натпревар да играм со вас“, порача Инфантино, предизвикувајќи насмевки кај иранските репрезентативци.

Еден ирански фудбалер веќе нема право на влез во САД

ВИДЕО | Контроверзна прослава на Иранецот Мохеби — даде гол, па „пукаше“ со пиштол

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот