Сопственик на градежна фирма од Скопје затаил 80.000 евра данок

Полиција / Фото: МВР

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против едно физичко лице во својство на управител и сопственик на правен субјект за градежништво, проектирање и трговија од Скопје, во периодот од 01.01.2016 година до 31.12.2016 година, свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекне со противправна имотна корист, набавената трговска стока (лед ламби, керамички плочки, теписони, хидроизолационен материјал, лавабоа, вц шољи, делови за лифтови, огледала, потопни пумпи, котли за централно греење и сл.), евидентирана на залиха во вредност од 9.971.080,00 денари.

Лицето неосновано ја присвоило и не ја евидентирало во сметководствената евиденција како кусок, при што не пресметало, не пријавило и не уплатило Данок на додадена вредност по даночна стапка од 18%, во износ од 1.794.794,00 денари и Данок на добивка по даночна стапка од 10%, во износ од 997.108,00 денари, а за застарените обврски кон добавувачи постари од три години во износ од 19.441.227,00 денари, кои не се прикажани како Приходи во Билансот на успех и Даночниот Биланс на правниот субјект, не пресметало, не пријавило и не уплатило Данок на добивка по даночна стапка од 10% во износ од 1.944.123,00 денари.

Со намера да ги прикрие инкриминираните активности не изготвило и не поднело Завршни сметки за 2016, 2017, 2018, 2019 и 2020 година до Управата за јавни приходи и до Централниот регистар на Република Северна Македонија, со што не пресметало, не пријавило обврска за данок и не уплатило даноци по разни основи во вкупен износ од 4.736.025,00 денари, за кој износ го оштетило Буџетот на Република Северна Македонија.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот