Тинејџер во Тетово со џип бегал од полицијата и удрил во марица
Полиција приведе тинејџер од тетовското село Порој откако без возачка дозвола возел џип и се обидел да избега од полициската контрола, при што удрил во службеното полициско возило, соопшти тетовската полиција.
Препорачано
„На 24 јуни во периодот од 03:00 до 04:00 часот на улицата „Ѓоце Стојчевски“ во Тетово. Полициски службеници забележале патничко возило „џип“ со битолски регистарски ознаки кое се движело во спротивна насока. Откако му бил даден знак да застане, возачот не постапил по наредбата, туку со голема брзина го свртел возилото и почнал да бега низ повеќе тетовски улици. Во обид да биде запрен, на паркинг простор на улицата „Илинденска“ полициски службеници со службено возило „Шкода Јети“ му го попречиле патот. Малолетникот повторно се обидел да избега, при што удрил во службеното возило“ соопштија од тетовската полиција.
По извршените проверки било утврдено дека возачот не поседува возачка дозвола. Во присуство на родител и адвокат со него бил извршен службен разговор, а возилото било одземено.
Од СВР Тетово информираат дека по целосно документирање на случајот против тинејџерот ќе биде поднесена соодветна пријава.
ВИДЕО | „Бегај, бегај“ — тепачка па пукање сред бел ден во Ченто


