Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Драма во Скопје: возач удрил во моторџија, па го влечел со колата

Вистинска драма се одвивала синоќа во Скопје, кога возач на автомобил удрил моторџија, а потоа го влечел неколку метри и побегнал од местото на настанот.

„На 23.06.2026 во 18:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. ‘Рилски Конгрес’ во Скопје, по претходно недоразбирање во сообраќајот, едно лице кое управувало патничко возило ‘пежо’ со скопски регистарски ознаки удрило во мотоцикл управуван од Г.Н.(29) од скопско, кој паднал од ударот, а откако се подигнал, според пријавеното, возачот на возилото ‘пежо’ го придвижил возилото и неколку пати удрил во мотоциклот, како и во патничко возило ‘цитроен’ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.О.(44)“, соопшти полицијата.

Потоа, според соопштението, Г.Н. се фатил за предната врата од возилото, но автомобилот продолжил да се движи и го влечел неколку метри.

Возачот на „пежото“ потоа го напуштил местото на настанот, додека повредениот мотоциклист бил пренесен на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Групна тепачка во Прилеп – татко и син истепани од зетот и петмина насилници

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот