Групна тепачка во Прилеп – татко и син истепани од зетот и петмина насилници
Масовна тепачка се случила синоќа во Прилеп, по што полицијата уапсила осум луѓе, меѓу нив и татко и син што тврдат дека најпрво биле пресретнати со возило и истепани од зетот, а потоа, откако отишле на преглед во болница, повторно биле нападнати од повеќе луѓе, кои ги тепале со метални и дрвени предмети.
Препорачано
„На 25.05.2026 година во 22:15 часот на улица „Трајко Тарцан“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишија од слобода повеќе лица: Џ.У. (31), Џ.У. (52), Е.У. (35), А.У. (58), Е.У. (36), еден 17-годишен малолетник, сите од село Пресил, крушевско, како и С.К. (52) и Х.К. (18) од село Саждево, крушевско. Според пријавата, инцидентот започнал кога С.К. и неговиот син Х.К., додека се движеле со патничко возило „пасат“ кон Саждево, биле пресретнати од друго патничко возило „бмв“, управувано од Е.У., кој е зет за ќерка на пријавителот. Во таа прилика, според наводите, Е.У. физички ги нападнал. Подоцна, С.К. и Х.К. се јавиле на преглед во Итната медицинска помош во Прилеп, каде повторно биле нападнати од повеќе лица – Џ.У., Џ.У., Е.У., А.У., Е.У. и еден малолетник – при што биле користени и метални и дрвени предмети“, соопшти МВР.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Струмичанец ја истепал сопругата додека биле на викенд во Кавадарци


