Бони Тајлер - Фото: Инстаграм/Бони Тајлер

Музичката легенда Бони Тајлер по итна операција се наоѓа во вештачка кома

Бони Тајлер е ставена во вештачка кома за полесно закрепнување по итна операција на цревата, соопшти портпаролот на пејачката. Имено, 74-годишната музичка ѕвезда, родена во Велс, во средата била итно пренесена во болница во близина на нејзиниот дом во Фаро, Португалија, каде што била оперирана, пренесува „Би-би-си“.

„Бони е ставена во индуцирана кома од страна на лекарите за да ѝ се олесни закрепнувањето“, изјавил нејзиниот портпарол.

Тој додаде дека семејството бара приватност во овие тешки моменти и најавил дека дополнителни информации ќе бидат објавени кога ќе има нов развој на состојбата.

Пејачката, чие вистинско име е Гејнор Хопкинс, светска слава стекна во 1983 година со хитот „Total Eclipse of the Heart“, песна што и денес важи за една од најпрепознатливите балади во поп-рок музиката.

Нејзината кариера започнала во 1977 година со песната „Lost in France“, а подоцна следуваа и хитови како „Holding Out for a Hero“.

Бони Тајлер ја претставуваше Велика Британија и на Изборот за песна на Евровизија во 2013 година, а во 2023 година доби и титула MBE за придонес во музиката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот