Сабрина - Фото: EPA/CHRIS TORRES

ФОТО+ВИДЕО | Потегот на Сабрина Карпентер на Греми наградите ја налути ПЕТА: „Животното доживеало страв и стрес“

Пејачката Сабрина Карпентер настапи во неделата на доделувањто на Греми наградите, но еден детаљ од нејзиниот настап предизвика бурни реакции. За време на изведбата на хитот „Manchild“, таа на сцената донесе жив бел гулаб, што веднаш беше остро осудено од организацијата за заштита на животните – ПЕТА.

Настапот беше осмислен како сцена на аеродром, на бината имаше лажен авион, подвижни скали и лента за багаж. Танчарите на почетокот глумеа аеродромски персонал, а Карпентер се појави на лентата облечена во провокативна униформа. На самиот крај, таа од лажниот авион и ја изнесе белата гулабица, која мавташе со крилјата додека платформата се издигнуваше.

Иако настапот доби громогласен аплауз од публиката во салата, реакцијата од ПЕТА беше сосема поинаква. Организацијата се огласи на социјалните мрежи со остра порака:

„Дали Сабрина навистина донесе жива птица на сцената на Греми 2026?! Пејачката на ’Manchild‘ покажува детско однесување. На животните не им е место на вакви настани, напишаа од ПЕТА.

На сликата стоеше и пораката:

„Еј, Сабрина, да донесеш жива птица на сцена на Греми е глупаво, застарено, бескорисно … и сурово“.

Од ПЕТА истакнаа дека силните светла, гласната музика и држењето на птицата во раце предизвикуваат „стрв и стрес кај животното, на кое му е местото под отворено небо“.

Објавата предизвика поделени реакции. Дел од јавноста застана во одбрана на Карпентер и ѝ порача на ПЕТА „да ја остави на мир“, додека други се согласија со организацијата и се запрашаа зошто во настапот не била искористена лажна птица.

Ова не е првпат Сабрина Карпентер да се соочи со критики поради своите настапи. И претходно беше на удар, најчесто поради провокативните сценски изданија. На почетокот на март минатата година, таа настапи на доделувањето на BRIT наградите, а настапот беше емитуван на „ИТВ“ пред 21 часот.

Тогаш се појави во црвен светкав корсет, опкружена со танчари облечени како припадници на Кралската гарда, а подоцна изведуваше заводливи танцови движења на кревет во форма на срце. Поради тоа, британскиот медиумски регулатор „Ofcom“ примил дури 825 поплаки од гледачи.

„Мојата 11-годишна ќерка ја обожава Сабрина, но по овој настап ѝ објаснив зошто не би ја однела на нејзин концерт“, „Како татко на девојчиња од 11 и 13 години, ме лути што ова беше воведот на BRIT наградите“, „Ова е апсурдно – вакви сцени се прикажуваат во 20:23 часот, кога многу деца гледаат телевизија“, беа само дел од реакциите на гледачите.

ВИДЕО | Сабрина Карпентер повторно е мета на критики поради стих во песна: „Се надевам дека ќе добиеш агорафобија“

ВИДЕО | Свештеникот кој ѝ дозволил на Сабрина Карпентер да снима видео во црквата е отпуштен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот