ФОТО+ВИДЕО | Последно збогум: Илјадници луѓе се простија од Шинејд О’Конор

Фото: Profimedia

Денеска во Бреј, Ирска, на интимна исламска церемонија беше погребана пејачката Шинејд О’Конор. На самата церемонија присуствуваа десетина луѓе, но нејзините обожаватели и оддадоа почит со собирање во голем број по улиците, низ кои минуваше нејзината погребна поворка, пренесуваат странските медиуми.

Фото: Facebook/ The Telegraph
Фото: Facebook/ The Telegraph

Повеќе од 3.000 луѓе се собраа во нејзиниот роден град, за да се простат од ѕвездата, која почина минатиот месец на 56-годишна возраст. Расплакани и со букети цвеќиња во рацете, луѓето се приклучуваа на погребната поворка, додека го пееја нејзиниот најголем хит „Nothing compares 2 U“.

Во моментот кога поворката минуваше покрај нејзината куќа, по миг на тишина, се слушна огромен аплауз во нејзина чест. Обожавателите оставија и голем број писма, свеќи и цвеќиња пред нејзината куќа.

Фото: Deirdre Brennan / Eyevine / Profimedia
Фото: Facebook/ The Telegraph

На приватната комеморација, која семејството на пејачката ja одржа утринава, присуствуваа претседателот на Ирска, Мајкл Д Хигинс и Таоисех Лео Варадкар. Таму беа присутни и членовите на бендот „Ју ту“, Боно и Адам Клејтон, а пејачот Боб Гелдоф беше дел од поворката и присуствуваше на гробот додека беше погребана.

Боб Гелдоф Фото: Liam McBurney / PA Images / Profimedia
Фото: MOSTAFA DARWISH / AFP / Profimedia

Исламскиот центар на Ирска соопшти дека погребот ја покажал „убавата личност“ на пејачката  О’Конор.

„Тоа беше многу духовно и го одразуваше нејзиниот ирски идентитет, како и нејзиниот муслимански идентитет. Ирската пејачка е неверојатно човечко суштество кое не само што беше одличен музичар и уметник, туку успеа да допре до срцата на милиони луѓе“ рече шеикот Умар Ал Кадри од Исламскиот центар.

Фото: Facebook/ The Telegraph
Фото: no, Pictured: Sinead O’Connor, Credit line: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Инаку, Шинејд стана славна ѕвезда ширум светот на почетокот на деведесетите. За време на нејзината богата кариера, таа објави 10 студиски албуми. Нејзината изведба на песната „Nothing Compares 2 U“, чиј автор е Принс, во 1990 беше прогласена за светски сингл број еден на Билборд музичките награди. Следната година ја доби наградата „Греми“ за нејзиниот албум „I Do Not Want What I Haven’t Got“.

Минатиот месец таа почина на 56-годишна возраст, една година откако нејзиниот син Шејн (17) си го одзеде животот.

 

ВИДЕО | Најпознатата песна на Шинејд О’Конор, којa расплака милиони ширум светот

ВИДЕО | Најпознатата песна на Шинејд О’Конор, којa расплака милиони ширум светот

Морисеј: Немавте храброст да ја поддржите Шинејд кога беше жива

ВИДЕО | Емотивни и срцепарателни: Последните објави на Шинејд О’Конор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот