ВИДЕО | Емотивни и срцепарателни: Последните објави на Шинејд О’Конор

Фото: Принтскрин/ Твитер

Познатата ирска пејачка Шинејд О’Конор почина вчера на 56-годишна возраст, една година откако нејзиниот син Шејн (17) си го одзеде животот.

Музичарката, која го промени своето име во Шухада Садакат во 2018 година кога го прими исламот, не даваше често јавни соопштенија, меѓутоа, нејзината последна објава во врска со нејзиниот наследник кој изврши самоубиство ја потресе јавноста. Видеото е објавено само неколку денови пред нејзината смрт.

„Кога вашето дете за жал ќе почине, тоа не е добро ниту за телото, ниту за духот“ рекла Шинејд и се поставува прашањето дали тоа е причината за оваа голема трагедија.

За потсетување, по смртта на синот, познатата пејачка објави низа вознемирувачки статуси, по што полицијата ја однесе во болница, бидејќи имаше сомнеж дека ќе го следи примерот на синот и ќе се самоубие.

– Решив да го следам мојот син. Нема смисла да живеам без него. Сè што ќе допрам, го уништувам. Живеев само поради него, а сега го нема. Го уништив семејството. Моите деца не сакаат да ме гледаат. Јас сум пос*ана личност. И сите мислите дека сум добра затоа што можам да пеам. Не сум – напиша О’Конор, но набргу потоа се извини за нејзините зборови:

– Жал ми е, не требаше да го кажам тоа. Сега сум со полиција на пат кон болница. Жал ми е што ве вознемирувам сите. Изгубена сум без моето дете и се мразам себеси. Болницата ќе ми помогне некое време. Но, ќе го најдам Шејн, ова е само кратко доцнење – порача по неколку часа неутешната пејачка на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот