Морисеј: Немавте храброст да ја поддржите Шинејд кога беше жива

Фото: EPA

Британскиот музичар Стивен Патрик Морисеј напиша нова објава на неговиот блог, посветена на пејачката Шинејд О’Конор, која почина вчера на 56-годишна возраст.

Поранешниот фронтмен на групата „Смитс“ упати остра критика до луѓето во музичката индустрија, нарекувајќи ги лицемерни бидејќи не ја поддржувале пејачката додека била жива.

„Немавте храброст да ја поддржите додека беше жива и имаше потреба од вас. Таа беше исфрлена од нејзината издавачка куќа откако продаде 7 милиони албуми за нив. Полуде, да, но никогаш не стана неинтересна. Не направи ништо лошо. Таа имаше горда ранливост… Постои одредена омраза во музичката индустрија за пејачите кои не се „вклопуваат“ (тоа го знам многу добро) и никогаш не добиваат пофалби, сè до смртта – кога, конечно, не можат да одговорат.

Ја фалите сега само бидејќи е предоцна. Немавте храброст да ја поддржите кога беше жива, а тоа ѝ беше потребно. Медиумите ги етикетираат уметниците како штетници поради она што го премолчуваат, а Шинејд би ја нарекле тажна, дебела, шокантна, луда, но не денес!

Фото: EPA-EFE/ENNIO LEANZA

Извршните директори во музичката индустрија, кои блеснаа со своите најшармантни насмевки кога ја одбија, сега чекаат во редици за да ја наречат „феминистичка икона“, а познатите личности, кои можеби се тоа само 15 минути, и гоблините од пеколот и издавачки куќи од вештачки разбудената разноликост на Твитер твитуваат за неа…

Кога вие бевте тие што ја наговараа Шинејд да се откаже, затоа што одби да ја етикетираат и беше деградирана, како што секогаш се деградирани неколкумина кои управуваат со светот. Зошто некој е воопшто изненаден што Шинејд О’Конор е мртва? Кој се грижеше доволно да ги спаси Џуди Гарланд, Витни Хјустон, Ејми Вајнхаус, Мерлин Монро, Били Холидеј?

Фото: EPA-EFE/DANIEL DAL ZENNARO *** Local Caption *** 51604210

Каде одите кога смртта може да биде најдобриот исход? Дали ова музичко лудило вредеше за животот на Шинејд? Не, не беше. Таа им беше предизвик и не дозволуваше да ја ограничуваат, а имаше храброст да зборува кога сите молчеа.

Беше малтретирана само затоа што беше своја. Нејзините очи, конечно, се затворија во потрага по душа, која ќе ја нарече своја. Како и секогаш, ‘лејмстримерите’ ја пропуштија клучната точка и се враќаат на навредливо глупавата „икона“ и „легенда“ кога минатонеделните зборови би го направиле тоа многу посурово и поомаловажувачко.

Утре сите ќе се вратат на нивните онлајн срања и нивната пријатна култура и нивната морална супериорност и нивните некролози исполнети со повраќање. И сето тоа ќе ви се врати во деновите како денешниот, кога на Шинејд нема да ѝ треба вашата стерилна нечистотија“, напиша тој.

Инаку, Морисеј е долгогодишен обожавател на Шинејд О’Конор.

ВИДЕО | Најпознатата песна на Шинејд О’Конор, којa расплака милиони ширум светот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот