ВИДЕО | Најпознатата песна на Шинејд О’Конор, којa расплака милиони ширум светот

Фото: Принтскрин/ Јутуб

Ирската пејачка Шинејд О’Конор почина на 56-годишна возраст. Нејзината смрт беше потврдена од „Ајриш тајмс“, а причината сè уште не е откриена.

Пејачката се стекна со меѓународна слава по објавувањето на нејзиниот прв албум, „The Lion and the Cobra“, во 1987 година. Потоа, следеше уште поуспешен втор албум со наслов „I Do Not Want What I Haven’t Got“.

Во 1990 година нејзината слава беше уште поголема, откако ја изведе легендарната преработка на песната „Nothing Compares 2 U„ на Принс, која пејачот ја објави во далечната 1985 година со неговата група „Д Фемили“.

Оваа преработка, која денес има повеќе од 396 милиони прегледи на Јутјуб, е една од најпознатите песни на Шинејд и меѓу најголемите љубовни балади на сите времиња. Своевремено ги освои топ листите, а многумина се прашуваат што ја инспирирало пејачката да ја обработи оваа песна.

Идејата всушност потекнува од нејзината менаџерка Фахтна О’Кели, која однела снимка од преработката во изведба на Шинејд, кај Крис Хил, еден од директорите на музичката куќа „ Ensign Record “. Велат дека кога ја слушнал песната веднаш заплакал.

Фото: Принтскрин/ Јутуб

Пејачката и Принс, се сретнале дури откако нејзината верзија на песната била снимена и објавена, а очигледно било дека тие не се сложувале кога конечно се запознале. Како и за многу песни на Принс, пејачот никогаш не открил што го инспирирало да ја напише оваа песна.

„Мислам дека веројатно сум слична на милиони луѓе кои ја засакаа песната и сите ние сме луѓе кои ја поврзуваат оваа песна со некој вид загуба“, изјавила во едно интервју Шинејд.

Во музичкото видео, кое го режираше Џон Мејбери, Шинејд во текот на изведбата навистина плачела, додека се соочувала со чувствата на болка и тага, за кои се збори во песната.

„Немав намера да плачам, но кога веќе се случи, си помислив: Треба да дозволам ова да се случи“, открила во едно интервју за „Ролинг Стоун“.

Таа објаснила дека додека плачела, размислувала на својата мајка, која трагично загинала во сообраќајна несреќа во 1985 година.

Инаку, Шинејд по 20 години се вратила во Лондон, и наводно работела на албум, кој требал да биде објавен во текот на годината.

Во текот на нејзината кариера, О’Конор беше отворена за нејзиното духовно патување, активизам, политички ставови, како и за нејзините борби со менталното здравје. Таа го промени своето име во Шухада Садакат во 2018 година, откако се одлучи да премине во ислам.

Фото: Принтскрин/ Јутуб

Веста за нејзината смрт е по долгогодишната борба со менталното здравје и 18 месеци по смртта на нејзиниот 17-годишен син Шејн.

Во продолжение погледнете го видетот за песната „Nothing Compares 2 U„:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот