Принцот Хари и кралот Чарлс / Фото: LOIC VENANCE / AFP / Profimedia

Принцот Хари повторно „удри“ по кралот Чарлс – „Сакам да бидам подобар родител од татко ми“

Британскиот принц Хари, за време на својата посета на Австралија, упати порака која веднаш одекна во светските медиуми. Тој отворено зборуваше за воспитувањето на своите деца, истакнувајќи дека сака да го прекине циклусот на „генерациска болка“, пренесува „Мирор“.

Војводата од Сасекс нагласи дека неговата намера не е директно да ги критикува своите родители, вклучувајќи го и кралот Чарлс Трети, туку смета дека секоја нова генерација има должност да го унапреди начинот на кој се воспитуваат децата.

Хари истакна дека родителството е процес што постојано се развива и дека децата се оние кои не прават подобри луѓе.

„Сакам да го прекинам циклусот на генерациска болка. Родителството се менува низ времето, а денешните предизвици, како социјалните мрежи, носат нови проблеми кои порано не постоеле“, изјави принцот.

Кралот Чарлс Трети и неговите синови - принцот Вилијам и принцот Хари
Кралот Чарлс Трети и неговите синови – принцот Вилијам и принцот Хари во 2002 година / Фото: EPA PHOTO KEYSTONE/ARNO BALZARINI

Тој додаде дека нема место за осудување или вина во начинот на кој родителите ги воспитуваат децата, но дека секогаш мора да се стремиме кон подобро искуство за следната генерација.

Терапијата како клуч за промена

Принцот Хари не ги криеше ниту своите лични борби со менталното здравје. Тој откри дека терапијата во Велика Британија и САД му помогнала да се соочи со траумите од минатото.

„Барањето помош е знак на сила, а не на слабост“, порача тој, повикувајќи ги луѓето да не чекаат сериозна криза за да поразговараат со експерт.

Зборувајќи за татковството, тој го опиша како најважната улога во неговиот живот која му дала чувство на цел и одговорност. Дури призна дека на почетокот чувствувал одредена дистанца кон својот син Арчи, но советите од неговиот терапевт му помогнале да ја пронајде својата улога како поддршка на семејството.

Меган Маркл, Принц Хари, Арчи – Фото: Инстаграм

Турнеја низ Австралија во сенка на критики

Хари и Меган Маркл пристигнаа во Австралија на 14 април, а нивната четиридневна посета вклучува активности поврзани со ветераните и менталното здравје на децата. Иако беа пречекани со внимание, нивната посета предизвика и бран протести и критики во дел од јавноста.

Посетата продолжува во Сиднеј, каде парот ќе учествува во завршните активности на турнејата, прва по нивното последно доаѓање во Австралија во 2018 година, кога ја објавија првата бременост на Меган.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот