Скандалозните мемоари на принцот Хари преведени на македонски јазик

Фото: Фејсбук/„Купи книга“

Автобиографијата на принцот Хари, која го одбележа почетокот на 2023 година, конечно е објавена и на македонски јазик, со наслов „Резерва“. Книгата е во издание на „Арс Либрис“, која е дел од издавачката куќа „Арс Ламина“.

Имено, принцот Хари ја разбранува светската јавност со деталите од неговото детство и за болката по смртта на мајка му, принцезата Дијана.

„Тоа беше една од највпечатливите фотографии на 20 век: две момчиња, двајца принцови, чекорат зад ковчегот на нивната мајка додека светот гледа со тага – и со ужас. Додека траеше погребот на принцезата Дијана, милијарди луѓе се прашуваа што мислат и што чувствуваат принцот Вилијам и принцот Хари – и како ќе се одвиваат нивните животи од тој момент понатаму. Пред да ја изгуби мајка му, дванаесетгодишниот Хари беше познат како безгрижната и среќна Резерва на многу посериозниот Наследник. Тагата промени сè“, стои во описот на книгата.

Исто така, тој во своите мемоари раскажа за проблематичните тинејџерски денови, за приклучувањето на британската армија и за неговиот престој во Авганистан. Но, она што остави најголем впечаток кај читателската публика беше неговото согледување на односите со татко му, кралот Чарлс Трети, и со брат му, принцот Вилијам.

Книгата беше објавена на 10 јануари годинава и за кратко стана најзборуваната тема во светот на поп-културата. Според Гинисовата книга на рекорди, таа стана најбрзо продаваната книга од областа на нефикцијата на сите времиња.

Книгата е бестселер на „Њујорк тајмс“ и, генерално, доби позитивни оценки од книжевните критичари.

Досега е преведена на повеќе од 15 јазици, меѓу кои и на македонски јазик.

Утре излегува „Резерва“: Сите скандали кои принцот Хари ги откри досега

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот