ФОТО | „Летото е за мене“: Софија Вергара ужива покрај базен во провокативно бикини

Фото: Instagram/ Sofia Vergara

Почетокот на летото особено ја развесели славната Софија Вергара, која реши да ужива покрај базенот на својата луксузна вила, облечена во провокативно бикини.

На фотографијата која ја објави на својот Инстаграм профил, се гледа како ѕвездата од серијата „Модерно семејство“ заводливо позира без шминка и со пуштена коса, додека во преден план е нејзиниот задник, во минијатурно црно бикини.

Фото: Instagram/ Sofia Vergara

„Летото е за мене“, напиша таа во описот на фотографијата.

Фотографијата поттикна изобилство на позитивни коментари од нејзините обожаватели.

„Дали некогаш си направила лоша фотографија?; Мислам дека нема поубава жена на светот“, се дел од коментарите.

Фото: Instagram/ Sofia Vergara

Инаку, Вергара живее во луксузна вила во областа Беверли Парк, чија вредност се проценува на 26 милиони долари. Таа со нејзиниот сопруг, актерот Џо Манганиело, таму се преселиле уште во 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот