Фото: mkd.basketball

Берокал: За Ирска ќе размислуваме по контролниот меч со Бугарија

Машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија денеска од 18.00 часот во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје ќе го одигра вториот контролен натпревар во подготвителниот период, а противник повторно ќе биде селекцијата на Бугарија.

По првата проверка во Самоков, каде домашната селекција славеше победа, избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал ќе имаат можност за ново мерење на силите со добро познатиот ривал, сега пред домашната публика. Берокал очекува подобро издание од неговите кошаркари во однос на првиот натпревар, во кој Македонија настапи во некомплетен состав.

Овој циклус носи нешто повеќе време за подготовка, но и промени во составот. Од играчите кои беа на првиот собир, само дел се од претходниот состав.

– Ни следува контролниот натпревар со Бугарија на кој ќе видиме кој ќе игра, како функционираме и како ќе изгледаме на теренот. На претходниот натпревар игравме со 12 играчи, бевме комплетни 20 минути против една доста добра и искусна селекција која одигра на високо ниво. Очекувам вечерва да одиграме доста подобро. За разлика од претходниот циклус, сега имаме малку повеќе време, но не премногу. Имаме и неколку нови играчи. Од 16 кошаркари кои беа на првиот тренинг, само пет беа од ланскиот состав – вели Берокал.

Македонскиот стручен штаб и понатаму се соочува со проблеми околу составувањето на составот, но селекторот нагласува дека ова е ситуација со која се соочуваат и други репрезентации. И покрај тоа што по контролата со Бугарија следуваат важните натпревари од претквалификациите за Евробаскетот 2029, Берокал инсистира на максимален фокус кон следниот предизвик. Македонија продолжува чекор по чекор кон целта – обезбедување место во главните квалификации за Европското првенство во 2029 година.

– Таква е кошарката. Сите тимови имаат проблеми како да го формираат составот. Многу работи не можеш да контролираш. Нови договори, повреди, НЦАА…Секогаш постојат причини зошто многу тимови, не само ние, не можат да го состават тимот кој го посакуваат. Фокусот е поставен на тоа како ќе играме ние. За Ирска сè уште не размислуваме, ќе почнеме на почетокот на викендот. Знаете дека имаме и нов играч. Очигледно ни треба една победа за да останеме на првото место во групата. Подобро е тоа да го реализираме на домашен терен, но прво ќе играме со Бугарија, па дури потоа ќе почнеме да размислуваме како да дојдеме до победата против Ирска – рече Берокал.

Повеќе информации околу влезниците за натпреварот Македонија – Ирска на следниот линк ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот